Фротирка

Искачувајќи се на врвови на три различни масиви на Алпите, во Словенија, Италија и Швајцарија.

Сите сме исправени пред големи предизвици во определени моменти од животот. Нам предизвик ни претставува секојдневно да ве правиме задоволни, но од друга страна, да градиме верност и приврзаност со тоа што ќе ве правиме среќни кога ги користите нашите производи.
А кога задоволството и среќата при правењето нешто кое ве исполнува ќе се спојат, тогаш несомнено се поместуваат човечките граници.
Задоволство и чест ни е што сме еден од главните поддржувачи на еден навистина надчовечки подвиг направен од еден наш сограѓанин. Претседателот на ПСК Голак од Делчево, Љупчо Чучуковски, заедно со уште 7 алпинисти од нашава земја, беа дел од 10 дневната експедиција искачувајќи се на врвови на три различни масиви на Алпите, во Словенија, Италија и Швајцарија.

Во продолжение ви претставуваме дел од фотографиите направени за време на искачувањето на врвот Триглав 2864 м.н.в. на масивот Јулиски Алпи во Словенија како прво од трите искачувања од експедицијата „Трилогија Алпи“. Секако и нашата #Frotirka успешно стаса до врвот, а во наредните денови, очекувајте да ја видите и на фотографиите од искачувањата на останатите врвови.

#SekogasPrvi #SekadeZaedno

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *