Фротирка

Се одржа јубилејната десетта по ред „Трка на келнери“

На 09 јули, на градскиот плоштад во Струмица, во склоп на Струмица Опен Фестивалот се одржа јубилејната десетта по ред „Трка на келнери“. На манифестацијата учествуваа 16 келнери, претставници на угостителските капацитети од Струмица и Гевгелија.
Беше тоа едно прекрасно јубилејно издание, исполнето со многу забава и дружење, а најбрзите натпреварувачи си добија вредни награди за својот труд.
Секако, таму каде што се забавуваме и се наградуваме, таму е и #Frotirka. За уредноста на масите, послужувалниците и пијалоците се погрижија волонтерите на настанот со помош на нашите високоапсорбирачки и квалитетни кујнски крпи, а на најдобрите четворица келнери кои учествуваа во завршницата, Фротирка им го честита успехот со подароци од најновите летни модели на крпи за плажа. Единствената учесничка од понежниот пол, за својата храброст, исто така си доби подарок од Фротирка.
#frotirka #SOF2019 #sekogasnajdobri #sekadezaedno

На

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

veligdenski popust