Фротирка

Фротирка и СОФ – поинаква приказна во поинакви услови

Деветтото издание на Струмица ОПЕН фестивал започна на 9 август и беше во знакот на поддршката на македонската култура и младите таленти. Фротирка е секогаш тука за најмладите, а нашите производи совршено се вклопија во фестивалскиот амбиент во градскиот парк во Струмица.

Манифестацијата е успешен обид да се прекине долгата тишина на културата и уметноста предизвикана од светската пандемија. Сите настани се одржаа на ограничен простор со почитување на здравствените протоколи, а публиката ги следеше седејќи на трева на меките и удобни фротири. Публиката уживаше во бесплатни аеробик тренинзи, рекреативни велосипедски и пешачки тури, поезија, афоризми, филмски проекции за деца и возрасни и музички концерти на домашни артисти.

Дваесетдневната фестивалска програма заврши на 3 септември.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Совршени празници со идеални подароци

X