Фротирка

Испорака, замени, рекламации

ПОЛИТИКА ЗА ИСПОРАКА

По извршената порачка на производите нa Фротирка, во случај саканиот производ да не е достапен на лагер –  во најкраток можен рок телефонски ќе ве контактираме. Испораката е бесплатна за сума во износ над 2000 денари. Во случај, кога сумата на нарачката е помала од 2000мкд, купувачот сам ги покрива трошоците за испорака, според ценовникот на фирмата за испорака. Пратките вообичаено се испорачуваат во рок од 5-7 работни дена.

Доколку при испораката курирот не успее да ве најде на оставената адреса и телефонски број, пратката ќе биде вратена кај нас и дополнително ќе се договориме за повторна испорака, а трошокот повторна испорака го подмирувате вие.

Доколку по испораката на производите забележите дека производот е со одредени дефекти, контактирајте не на 033 411 455 и наведете што е проблемот со производот.

ПОЛИТИКА ЗА БОЈА НА ПРОИЗВОДИТЕ

Нијансата на боја може да варира во зависност од квалитетот на екранот преку кој купувачот врши избор на производ за купување. Фротирка АД Делчево не сносува одговорност за разликата помеѓу прикажаната и реалната боја.

 

ПОЛИТИКА ЗА ВРАЌАЊЕ, замена И РЕКЛАМАЦИИ

Електронската продавница на Фротирка обезбедува враќање на производи единствено за производите кои се нарачани од www.frotirka.mk, од нашата фејсбук или инстаграм  продавница, под долу наведените услови:

  • Доколку производот не е користен може да се замени во рок од 5 дена од пристигнувањето, заедно со приложената документација добиена при испораката. Во овој случај, Ве молимe да не информирате за Вашето барање преку нашиот e-mail online@frotirka.mk, наведувајќи ја причината за вараќањето на производот. 
  • Враќањето на производот е возможно само доколку производот не е користен!
  • Доколку од нас производот е испратен во исправна состојба, а поради ваши лични причини сакате да го замените со друг, трошоците за испорака ги покривате вие.
  • Доколку по приемот на производот забележите видливи оштетувања на производот, истиот треба да го вратите назад и да нѐ исконтактирате на телефон 389 33 411 455, наведувајќи го конкретниот проблем со производот. Ние ќе се потрудиме во најкраток можен рок неисправниот производ да ви биде заменет со нов, на наш трошок.

Електронската продавница на Фротирка има право да ја менува Политика за враќање на производи. Сите ревизии или промени ќе стапат во сила веднаш со нивното објавување на веб-страницата www.frotirka.mk. Нашата политика за враќање на производ е достапна на нашата веб страница. Ви препорачуваме при секоја посета на веб страницата да ги погледнете објавените измени од Политиката за враќање.