No products in the wishlist.
Вашата кошничка е празна во моментот.
Не е секогаш лесно да се разберат различните симболи кои го означуваат начинот на одржување на облеката, прекривките, крпите, но сепак, многу е важно секогаш да се следат насоките на производителот за да се постигнат најдобри резултати при перењето и долготрајно користење..
Секое парче облека или фротир, има етикета со симболи кои го означуваат начинот на одржување на производот. И покрај тоа што живееме во време на „паметни“ машини за перење/сушење, доколку ги следиме насоките за одржување од производителот, таа подолго ќе изгледа како нова.
1. ПРЕД ПЕРЕЊЕ
Пред да почнете со перење, облеката треба да ја групирате по бои, материјали и препорачана температура на перење, и да соберете доволно облека од секоја група за машината да не пере полупразна.
За да постигнете најдобри резултати при перењето, пред да ги ставите алиштата во машина, испразнете ги и затворете ги џебовите и закопчајте ги патентите. Многу чувствителните парчиња облека ставете ги во памучна навлака за перница, а парчињата кои се шарени, со апликации, налепници и принтани детали свртете ги од внатрешната страна.
2. КОРИСТЕЊЕ ДЕТЕРГЕНТ
Кога станува збор за детергенти, најчесто на самото пакување ја пишува препорачаната количина на прашок потребна за перење на различни видови на алишта (во зависност од количината, видот и степенот на нечистотија). Ако ставите премногу детергент – алиштата нема да бидат испрани подобро. Ако ставите премалку – нема да ги отстраните нечистотиите од облеката. Затоа, најдобро е да се држите до препорачаното дозирање. Исто така, очигледна е разликата кога се пере со омекнувач – облеката е мазна, мека, изгледа како нова и лесно се пегла.
3. СЛЕДЕТЕ ГИ СИМБОЛИТЕ
Фротирка ги користи сите симболи за означување на нашите високо квалитетни призводи. Името Фротирка е синоним за квалитет, традиција, но се почесто и модерни трендови и настап на светски пазари.
Претплатете се на нашиот билтен и први дознајте ги сите онлајн акции!
Ние се трудиме да бидеме што е можно попрецизни во описите на производите, прикажувањата на сликите и цените на самите производи, но не можеме да гарантираме дека сите информации се целосни и без грешки. Сите производи прикажани на страницата се дел од нашата понуда и тоа не подразбира дека се достапни во секое време.