- Селекција на најквалитетни суровини. Крајот зависи од почетокот.. колку високо може да се гради, зависи од темелот кој ќе се постави.. за врвен готов производ, врвни сировини..
- Дублирање на памучно предиво. Двојно е посилно од единечно.. за квалитет кој трае.. за двојна нежност и задоволство
- Кончање на памучно предиво, За здрава врска и сплотеност
- Боење на предиво.. За бои што траат, за врзана мечка.. Вечната анегдота за молерот кој требало да наслика мечка на надворешен ѕид.. одврзана чинела 5 пари, а врзаната нешто повеќе, но одврзаната на првиот дожд ја снемало..
- Сновење на основи, само експертите знаат како треба да се направи тоа правилно.
- Шлихтање на основи, малку зачин, за совршен микс
- Ткаење на фротир, тоа сме ние, нашето второ име
- Боење на фротир метража, животот во боја е поубав
- Доработка на фротир метража, деталите го прават совршенството
Конфекција на готов производ, крајот го краси делото