Колекција лето 2026 пристигнува и ги носи вашите нови плажни придружнички! А Летото е повеќе од сезона – тоа е чувство, начин на размислување и покана да се препуштиме на моментот. Овој пат како новитет во нашиот асортиман сакаме да донесеме нова енергија со плажните модели како „Follow the Sun“, „Clarity“, „Aloha Summer“. Оваа сезона, нашиот дизајнерски фокус беше ставен на спојот помеѓу удобноста и минималистичката естетика.
Дезени на крпи за плажа со натписи
Во текот на изминатите години едни од најбараните крпи за плажа за топлите сончеви денови и релаксацијата покрај вода беа токму моделите со цитати или натписи.
Моделите со натпис во колекција 2026 се: Follow the Sun, Life is Cool in the Pool како и Sandy, Salty Happy.
Испраќаме едноставен, но моќен потсетник – секогаш следете го сонцето, уживајте покрај базените во позитивната песоклива и солена енергија.
Класични дезени кои не излегуваат од мода
За оние кои не се љубители на натписи имаме модели инспирирани од медитеранскиот шарм и чистите линии, создадени за оние кои сакаат да комбинираат функционалност со врвен изглед – Stripe, Pinacolada.
Линиите се класика која никогаш не излегува од мода. Без разлика дали преферирате суптилни или подебели риги, овие крпи носат нота на префинетост и се одличен додаток за фотографирање покрај базен или море.
Тропски вибрации
Тука се и мотивите на тропско овошје со Dolce, Azure или Aloha Summer кои се симбол на гостопримство, топлина и летна забава. За вас одбравме сончево жолта, свежа зелена и корално портокалова – палета која совршено го доловува духот на тропските предели.Без разлика дали уживате покрај море или се релаксирате покрај базен, овие крпи се совршен моден додаток кој ќе го комплетира вашиот летен изглед и ќе ви донесе насмевка на лицето.
Освежете ја вашата летна колекција и внесете доза елеганција во вашите сончеви денови со моделите како Laguna или Stripe.
Нашата колекција на крпи за плажа е изработена од висококвалитетен, мек памук кој овозможува максимална апсорпција и брзо сушење, идеални за долги денови покрај вода. Со нетрпение ги очекуваме вашите фотографии од плажите ова лето.

Add comment