Брза идеја за подарок кој се памети – везените производи на Фротирка се подароците на кои често ќе им се навраќате!
Постојат подароци кои се корисни, и постојат подароци кои се паметат цел живот. Разликата меѓу нив често се крие во само еден детал – персонализацијата.
Во свет каде сè е масовно произведено, везот на мекиот фротир е начин да покажете дека личноста ви значи и дека сакате да оставите вечен спомен за нивниот важен момент. Без разлика дали станува збор за иницијали кои додаваат доза луксуз во бањата, име на новороденче или лого кое го претставува вашиот бизнис во најдобро светло, персонализираните производи на Фротирка се одличен избор!
Мислите дека вашите идеи се исцрпени и дека пригодата не е соодветна? Дозволете да ве инспирираме и да ви предложиме Фротирка персонализиран вез кој ќе биде вашето решение за поразличен подарок кој остава впечаток и трајна вредност.
1. Подарок за семејни и лични свечености
Доколку ви е потребен подарок за веридба или годишнина од брак, може да ја изберете Linda и да направите сет бели унисекс бањарки со извезени иницијали на младенците („Г-дин и Г-ѓа“). Ако прославувате принова тогаш еден од најпопуларните подароци за „мекици“ или прва посета е меката памучна бањарка со капче Maya. Извезете го името на бебето или датумот на раѓање. А пак, за крштевки крпа Natur со извезено име и симбол ќе остане свет спомен од самиот чин.
2. Корпоративни и бизнис подароци
Во нашата понуда може да најдете производи од специјалната колекција за хотели, апартмани, wellnes и спа центри, како и корпоративни настани. Богатата понуда на пешкири за раце и лице со везено лого може да биде и практичен подарок за вработените или партнерите (на пример, крпи за плажа со лого на компанијата за летни тим-билдинзи).
3. Новогодишни, божиќни и велигденски дезени
Празниците се време кога домот се претвора во оаза на топлина, а персонализираните фротирни производи со празнични дезени се вистински хит! Израдувајте ги најмалите со квалитетна детска бањарка Bella, достапна во три величини. За повозрасните, тука се црвената 100% памучна бањарка Merry за понежниот пол и зелената Denver за посилниот пол.
4. Внимание без „посебен повод“
Со производите на Фротирка, секој ден е вистинска пригода да изненадите некој. Сетпешкири Zodiac составен од два хороскопски знаци, љубовен сет Натур со вез срце или Мануел за денот на вљубените…
Сè што треба е да го изберете вашиот производ, количината, големината/димензијата, бојата на вез и во празното поле за ВЕЗ да го вметнете саканиот текст. Персонализирајте ги боите или писмото според вашите потреби.
