Секоја сезона носи нови трендови и бои, кои нè радуваат секоја година. За летната сезона 2022 издвоени се неколку нијанси кои веќе во голема мера доминираат во летниот флаер, summer vibes. Не дозволувајте да го пропуштите овој прекрасен тренд и почастете се со барем еден светол и среќен пар на пешкири. Боја на месец септември – тренд за сезоната 2022!
Кога станува збор за крпа, секој има различни приоритети. На некои им е важна бојата, да впиваат добро, на трети пак, пред сè битна им е големината на пешкирот. Без разлика за која и намена да ги користите нашите производи, барем еден од нашите модели ќе се вклопи во вашите очекувања и желби! Нашите модели се разликуваат по мекоста на материјалот, високата хигроскопност, т.е добро ја апсорбираат влагата, отпорен шаблон на ткаенина, ѝ дава комфорност на вашата кожа.
Сите бои за оваа сезона се надополнуваат една со друга и сите тие предизвикуваат насмевка на нашите лица. Резултатот ќе биде впечатлив, полн со бои, кој го подобрува секое расположение.
Неонска зелена (Peru)
Од сите нијанси оваа година, се издвојува впечатливата неонско – зелена.
Жолта (ASTERA 2)
Уште една топла боја која е доминантна оваа сезона – бојата на сонцето. Доминацијата на жолтите нијанси од посветла до окер, започна минатата година. И немаше сомнеж дека во следните неколку сезони ќе уживаме во жолти нијанси.
Портокалова (ILIN)
Оваа боја буквално доминира уште од почетокот на летото. Портокаловата боја се поврзува со радост, добро расположение, пријатни чувства, па доаѓа како потсетник на оптимизмот кој им е потребен на сите.
Плави нијанси (Peru, Astera, Ilin)
Плавата нијанса е кралица на пешкирите оваа сезона. И покрај тоа што ,,Classic Blue” е избрана за боја на годината, сепак летово доминираат пастелните тонови. Од нежни, дури можеме да кажеме и бебешки нијанси, до леден минт, сите тие можат да ви го одземат вниманието.
Add comment