Фротирка

Нови модели на пешкири со флаерски цени!

Дали ги погледнавте нашите нови модели на пешкири со флаерски цени? Фротирка ви носи SUMMER VIBES со нови производи, нови бои и нови попусти на флаерот за јули. Пешкири направени од 100% памук со традиција од 6 децении. Стилот на пешкир кој ќе го изберете секогаш се сведува на личен избор. Но колоритните бои како розе, плава, зелена, жолта се безвременски и постојано популарни. Нашата нова палета на производи содржи:

Пешкир за раце и лице Astera 2

Дел од флаерската понуда е добропознатата Астера, но со нови летни, светли бои. Препознатлива е по морските ѕвездички кои сигурно ќе ве потсетат на брановите во морето додека опуштено пиете кафе на некоја плажа, уживајќи со најблиските.

Пешкир за раце и лице Peru

Пешкир за раце, со димензии 45х70, достапен во три нежни бои: бела, зелена и плава и тежина 470 г/м2. Уникатниот дизајн на перце, веруваме дека ќе ве освои!

Пешкир за плажа Indra

Еднобојни, стилски, со минималистички морски симболи. Оваа крпа за плажа е достапна во три бои: тиркиз, зелена и лила, со XL димензии, 100х180cm и тежина 450 г/м2. Направена е со користење на најмека ткаенина, напредни производствени технологии и исклучителни дизајнерски идеи.

Бањарка Bella

Секогаш мислиме и на вашите најмили! Бел модел на бањарка, достапен во три големини: за 4, 8 и 12 години. Има уникатна можност да се везе во шарени и разиграни бои! Сега и вашето детенце ќе има ново, модерно и персонализирано бањарче, изработено од 100% памучен фротир.

Прекривка Ilin

Слончињата нè потсетуваат на старата поговорка „Еnjoy life” или „Уживајте во животот”! Слончињата често одвојуваат време за уживање и честопати нè потсетуваат дека се важни малите нешта и треба да уживаме во нив, секогаш кога ќе можеме! Moделот ILIN е прекривка, 100х100cm. Покријте ги вашите најмили и уживајте заедно во среќните мигови со моделите на Фротирка!

Нарачјате нешто од понудата на нови модели на пешкири со флаерски цени кои траат до 31 јули.

 

 

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *