Фротирка

Плажни крпи за денови покрај водата

Плажни крпи за денови покрај водата

Кога станува збор за крпа за плажа, секој има различни приоритети: на некои им е важно да не зафаќаат простор при завиткување,  да впиваат добро – по можност без траги на песок, за трети пак, пред сè битна им е големината. Без разлика за какво патување и да се спремате, барем еден од нашите модели секако ќе се вклопи во вашите очекувања и желби!

Ако сте тип на човек кој сака да поминува бескрајни часови на плажа, знаете колку е важно да изберете добар пешкир за плажа. Во изборот, секако, ние сме тука да ви помогнеме!

Campary 

Campary, популарна и hotel-friendly крпа за капење, инспирирана од бранови од 70-тите во светли бои на линеарни бранови. Дизајнирана со користење на смели, заситени, халуцинантни бои за да ја активираат перцепцијата. Прекрасен дезен, со димензии 80х180 и дебелина 420 g/m2. Мека, впивлива, без рок на трање!

Day

Ништо не ги надминува боите на летото кога станува збор за топлина и удобност. Со овој дезен на крпа, може да ја доловите и да ја носите таа “cozy” сензација во летните денови. Одликувајќи се со прекрасна мешавина од летните софистицирани нијанси, веднаш ќе ве натера да помислите на звуците на брановите во море, уживање покрај плажа и пиење на вашиот омилен коктел или омилено кафе.

Rainbow kiss

Креативен, уметнички дизајн, кој доаѓа во прекрасни разновидни бои. Хоризонтални линии во ладни тонови на кралско сино, аква, жолта и темно лила. Лесна, брзо се суши, неверојатно мека, одличен избор за патување и кампување.

Smile

Прекрасна идеја за подарок. Измамете насмевка на вашето лице или пак на вашите најблиски со овој шармантен пешкир за плажа. Креирајте позитивни вибрации, секогаш кога ќе го поставите пешкирот на плажа или штом се завиете со него. Достапен е во две бои, розе и сина боја.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *