Фротирка

Плажни крпи за незаборавни денови покрај водата

Плажни крпи за незаборавни денови покрај водата

Подготовките за сезоната на плажа се во тек. Истите не вклучуваат само купување на нов костим за капење, туку и избор на нови плажни крпи. Додека сте на одмор на море, езеро или одмарате покрај река, оваа опрема е апсолутно неопходна. Плажната крпа може да се користи не само за бришење на телото после капење, туку и како легло за време на сончањето. Нашите модели се издвојуваат по:

  • мекоста на материјалот
  • висока хигроскопност, т.е добро ја апсорбира влагата
  • отпорен шаблон на ткаенината
  • комфорност на кожата
  • екстра големина

НАШИ ПРЕДЛОГ-ДЕЗЕНИ НА ПЛАЖНИ КРПИ ЗА НЕЗАБОРАВНИ ДЕНОВИ ПОКРАЈ ВОДАТА:

DOLPHINS, синоним за среќа и слобода (70x170cm)

Делфинот. Најљубезното, најпаметното и најдружељубивото морско животно. Многу луѓе го сметаат делфинот за куче на водата, бидејќи луѓето и делфините се согласуваат исто како што се согласуваат луѓето и кучињата. Некаде во ѕвездите мора да е запишано дека сините делфини се оригиналните пријатели на човекот во океанот. Од фактот дека луѓето ги сакаат делфините, не е изненадување што избравме да ставиме делфини на плажните крпи.

NEON  (70x170cm)
Освeжувачки светло-темните плава и жолта боја кои лесно се воочуваат кога ќе сте во гужва.

CALM-BLUSH & CALM-PINE (80x180cm)

Никогаш повеќе нема да го изгубите од вид вашето место на плажата, затоа што ќе ви биде лесно да го препознаете овој светло плаво-зелен и виолетово-розев пешкир со бели риги. Направени се од 100% памук и ќе ви помогнат брзо да се исушите.

ANCOR XL (100x180cm)
За извонреден, XL пешкир, со добра цена – Ancor е одличен избор! Со димензии 100х180, дебелина 440 g/m2 ќе добиете огромен, дебел и удобен пешкир кој апсорбира и е совршен како подлога за лежење. Освен тоа, се карактеризира и со прекрасен спектар на бои од двете страни на крпата.

Сите модели на плажни крпи за сезона 2022 може да ги погледнете на линкот. Бесплатна достава за нарачки над 1000мкд на територија на цела Македонија.

Фротирка

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *