Производите кои се раѓаат во производствениот погон на Фротирка секогаш се одликуваат со висок квалитет, но сепак одредени модели оставаат неверојатно силен впечаток врз потрошувачите, толку силен што со денцении остануваат најпродавани артикли од асортиманот. Како што е прекривката Елена.
Што е она што го прави еден модел доволно важен и интересен за да го сметаме за легендарен? Цената? Долгата производствена историја? Фактот што и покрај десетици илјади продадени парчиња сè уште е актуелен меѓу публиката? Или пак, едноставниот дизајн кој е толку ефектен, што и после толку години луѓето го одбираат за да го користат во своето домаќинство?
Сето ова се само реторички прашања кои ќе ни помогнат да ви ја претставиме прекривката Елена со легендарните квадрати. Фротирската прекривка со дезен на едноставни квадрати веќе 44 години е најпродаван производ во нашата понуда. И да, веројатно за нејзината популарност придонесуваат сите фактори: традицијата, брендот, дизајнот и цената. Кога ќе се спојат сите овие параметри и ќе се помножат со 60 години искуство во производство и продажба на производи од квалитетен фротир, лесно е да се претпостави дека она што се работи со љубов и ги следи потребите на потрошувачите – не може да остане незабележано.
Што се однесува на дизајнот – за него велиме дека е безвременски! Зошто?
Мотивот на квадрати е лесен, на изглед полн, а низ годините го пренесовме на илјадници фротирни пешкири, прекривки, баде-мантили… А потоа го доработивме да биде достапен за вас во широка палета на бои, секоја подопадлива од претходната! И ден денес ЕЛЕНА останува еден од нашите бренд-производи од фротир, едноставна и неодолива – а идеална за употреба во секоја сезона.
Дали и вие дома имате ЕЛЕНА? Колку години ве служи и кој е нејзин најголем фан во домот? За каква намена ја користите? Кога би купиле денес пак, дали повторно би се одлучиле за овој безвременски модел, и нормално, која боја би ја избрале?
– Фротирка
2 comments
Dolores
Elena, frotirki imam 2 preku 30 godini vo bela boja. Veke ostareni no preubav pamuk i pak gi koristam kako dolna podloga za spienje. Pred 2 godini si kupiv novi 3 vo tri boi. Mnogu sum zadovolna. I ne samo so Elena tuku i so site proizvodi na Frotirka. Kupuvajte domašni proizbodi, moj e sovet.
Славица
Во летниот период ни се омилени и ги користиме веќе 33 години фротирките Елена во жолта боја.