За да изберете квалитетен пешкир треба да обрнете внимание на неколку карактеристики кои ќе ви помогнат да направите добар избор и долго да уживате во пешкирите во кои ќе инвестирате.
Материјал
Изберете пешкир направен од квалитетен материјал кој е мек и пријатен на допир. Најчесто користениот материјал за пешкири е памукот, поради својата мекост и способност за апсорпција на вода. Понекогаш и полиестерските пешкири можат да бидат корисни бидејќи релативно брзо се сушат, но за жал не се доволно впивливи. На пример, во Фротирка се користи висококвалитетен памук и пешкирите се одликуваат со одлична впивливост и квалитет без конкуренција.
Грамажа:
Грамажата е всушност дебелината и тежината на пешкирот. Повисока грамажа обично означува поголема квалитет и поголема апсорпција. Пешкири со грамажа помеѓу 400 и 600 г/м2 се сметаат за висококвалитетни.
Димензии
Големината на пешкир изберете ја според намената. За туширање стандардните димензии се околу 70×140цм, додека пешкирите за лице и раце се со помали димензии.
Дизајн
Пешкирите го подобруваат изгледот на вашата бања или кујна, затоа изберете дизајн кој ви се допаѓа и е соодветен за намената, а сепак е според ваш вкус.
Издржливост
Проверете дали пешкирот е добро опшиен, без дефекти и со здрави рабови, што на некој начин би гарантирало долг животен век на пешкирот.
Бои и фиксатор за боја
Ако пешкирот е обоен – проверете дали боите се отпорни на испирање и дали се безбедни за употреба на кожата. Најдобро е да го прашате производителот за начинот на одржување; На тој начин ќе ги следите насоките и ќе им го продолжите животниот век.
Вид на пешкир
Пешкирите можат да бидат обични или фротирски пешкири како висококвалитетните пешкири на Фротирка, памучни или микрофибер, големи или мали, обоени или бели, за тело или за стапала, пешкири за деца или за возрасни итн. Секој вид има свои карактеристики, па изберете според своите потреби.
Рецензии и препораки
Прашајте ги блиските и пријателите за препораки; Добриот глас надалеку се слуша, па така и поискусните луѓе ќе ви препорачаат модел од кој се задоволни, а понатака таквите корисни информации ќе ви помогнат да изберете добар пешкир.
Внимавајте на цената:
И за крај, разгледајте ја понудата на пешкири пред да купите и споредете ги цените; квалитетните пешкири обично се и поскапи.
Запомнете, добар пешкир не само што ќе ве служи долго, туку и ќе ви обезбеди пријатно и удобно чувство во тек на користењето.
Add comment