Фротирка

Опуштете се кога ќе помислите на топла бања

На крај на секој долг и напорен работен ден – нема ништо подобро и порелаксирачко од топла бања или долго туширање. Веќе си направивте слика во главата, нели, си облекувате памучна бањарка и тонете во сладок одмор?

Но, во моментот кога ќе излезете од под тушот и ќе се завиткате во мек пешкир од Фротирка – телото се шокира од оној ладен воздух кој струи низ просторијата, а она релаксирачко чувство во кое уживавте до пред некоја секунда како да скокнало од прозорецот во бањата, едноставно го нема! Често посакувате да постои начин како и по капењето, откако ќе стапнете на мека памучна стапалка да може да уживате во нежното чувство на топлина и пријатност…

Ние разгледавме, истраживме и најдовме начин како секогаш да го пролонгирате релаксирчкото чувство кое ви го дава топлата пареа во бањата за време на капењето. Освен што ќе си изберете квалитетен пешкир во соодветна димензија и редовно ќе го менувате со чист, инвестирајте малку пари и купете си грејач за пешкири за бања. За час, купатилото ќе се трансформира во ваша лична, приватна, смирувачка оаза…

Не мора да инсталирате нешто спектакуларно скапо или со дополнителни опции; наједноставниот модел кој освен што ќе ги топли и суши памучните пешкири ќе ја затоплува и просторијата наоколу. Така, со еден потег ќе имате мултифункционален грејач кој ќе стане ваше омилено помагало во бањата. А ако успеете да најдете модел кој собира повеќе од еден пешкир, па едновремено може да си ги затоплите бањарката, стапалката и пешкирот за коса – со нетрпение ќе го чекате своето време за опуштање под тушот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *