Фротирка

Значењето на Ошибори пешкир низ светот

Во Јапонија Ошибори е пешкирче за гостопримство кое главно се користи низ рестораните. Ошиборито се натопува со вода, потоа се исцедува и се витка во ролна. Се става на масата пред присутните на некој вид послужавник, а на гостите им е достапен да ги избришат рацете пред и за време на оброкот. Дури и ако не се користи послужавник пешкирчето се поставува до приборот за јадење или чиниите на точно определено место. Од гостите се очекува да ги користат ошиборите за да ги избришат рацете додека се сместуваат и го разгледуваат менито или пак додека прават мала пауза и се релаксираат пред да продолжат со јадење. Важно е да се напомене дека Ошибори е наменето исклучиво за бришење на рацете и не треба да се користи за бришење на лицето, тоа впрочем се смета за несоодветно и некултурно.

Овие пешкирчиња може да се послужат врели, директно од некој уред за топлење или микробранова печка, или пак да се послужат разладени, директно од фрижидер. Во секој случај, нивната главна улога е да ги охрабрат гостите да направат пауза од јадењето и да уживаат и во она што го гледаат околу себе.

Во Европа и САД, крпата ошибори е позната и како топла крпа, влажна крпа или крпа за освежување. Кој и да е зборот, сите тие се однесуваат на истото – мало влажно пешкирче што им се нуди на гостите за пауза и освежување. Крпите Ошибори сега се служат во различни угостителски објекти како хотели, одмаралишта, казина, бањи и разни други бизниси кои нудат услуги.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *