Постои нов тренд за заштита од кражби кој моментално го следат одредени познати хотели низ светот. Сите нам ни е добропозната приказната дека по престој во хотел, 90% од гостите би си понеле во куферот пешкир или два, за спомен или едноставно за да си го збогатат домашниот асортиман. Со RFID технологија против кражба на пешкири. За да се заштитат од ваквите „ситни“ кражби хотелите се почесто употребуваат RFID технологија, односно во пешкирите вградуваат RFID ознаки кои ги оневозможуваат ваквите кражби. Оваа технологија за идентификација преку радио фреквенција се вметнува во пешкирот при ткаењето и потоа може да се пере и одржува како обичен пешкир. Со ова хотелиерите во секој момент знаат каде се нивните пешкири и бањарки.
Да, факт е дека хотелските пешкири се добро одржувани, висококвалитетни и неверојатно меки и миризливи, па неретко гостите паѓаат во искушение да си ги стават во својот куфер.
Во нашата понуда за хотел и спа може да најдете совршен избор на нови пешкири за раце и лице за вашиот угостителски објект, спа или wellness центар.
Но еве, искористете го ова предупредување како поука за следен пат кога ќе помислите да подлегнете под искушението.
Add comment