Фротирка

Пешкирот како моден тренд

Пешкирот повеќе не е нешто во кое ќе се завиткате или ќе се избришете по туширање или пливање. Денес, заедно со бањарката пешкирот стана модно парче кое, според светски познатите дизајнери, наскоро ќе го видиме низ улиците.

На преминот од пролетта во лето, во период кога уште се зборува за влијанието на изолацијата и карантинот врз модата, крпите и бањарките се најдоа високо на листата на тренди модни парчиња.

Неколку дизајнери ги претставија своите фротирни парчиња во форма на мини здолништа кои всушност изгледаат исто како фротирниот пешкир кој го обвиткувате околу половината по капење. Така, на модните писти зачекорија модели завиткани во пешкири, со баде-мантили од фротир стилизирани со накит и чанти.

Навистина е тешко наутро по туширање да помислите: „Аха, денес ќе облечам маица и пешкир!“ Сепак, ако се водите по мотото дека личниот стил е поважен од облеката, можеби ќе го најдете вашето совршено модно парче во овој ослободителен тренд.

 

 

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *