Фротирка

Лето е: да мислиме на сонце и море!

Да мислиме на лето, на сонце, на море...

Поминавме една долга неизвесна зима, свет во пандемија и исчекување на поубава пролет. Убавото време неизбежно ни донесе и поведри мисли, па смисливме начин како радоста кај нашите потрошувачи да трае цел месец 😄
Идејата е да ве насочиме да мислите на лето, на сонце, на плажа… ☀️ Да мислите на шарени, разиграни дизајни на плажни крпи и како да се подготвите за претстојниот одмор…

Дали -10% намалување на плажниот асортиман звучи добро? Фротирка секогаш мисли на вас и на вашите потреби за сезонско опремување на покуќнината, затоа повелете на нашиот веб сајт и разгледајте ги нашите висококвалитетни пешкири за плажа со специјален претсезонски попуст од -10%. Фламинга? Палми? Можеби апстрактни бои и форми? Ќе најдете нешто за сечиј вкус, а ние ќе се погрижиме за квалитетот.

Голем избор на димензии и бои за вашите летни лудории. Од еднобојни, до тематски апликации на вашите нови плажни пешкири. Со Фротирка може да ги добиете вашите омилени производи на врата со само неколку клика. Регистрирајте се на нашата веб-страница и реализирајте нарачки од удобноста на вашиот дом. Доставуваме премиум фротирни производи низ цела Македонија. За нарачки над 1500 денари доставата е комплетно бесплатна.

Да го пречекаме и оваа лето со стил! Сонцето и морето не очекуваат. 😎

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *