Фротирка

Честитки до Rk Delcevo

Честитики до RK Delcevo
Следи нивната изјава:
Завршен е final four турнирот во пионерска конкуренција на кој нашата екипа го освои одличното трето место со што го повтори ланскиот успех од Битола , од минатогодишниот final four турнир. Од резултатот мораме да бидеме задоволни бидејќи влеговме во четирите најдобри екипи во Македонија. Благодарност до нашите млади ракометарки кои со својата борбеност и залагање во текот на целата година се најголеми “виновници” за овој успех. Пред оваа генерација претстои светла иднина и сигурно уште поголеми успеси пред нив. Им посакуваме да продолжат со напорната работа и успесите ќе дојдат сами по себе. Сакаме да изразиме благодарност и до нашите спонзори кои го помогнаа овој турнир: АД Фротирка, Камче Монт, Брокер Ауто, Такси 5+, Кит -Го маркети, Добра вода, Сендвичара Хил, Ресторан Трла, Брегал, Крзно, Фото студио Јована, порталот Делчево 365 и секако локалната самоуправа на Општина Делчево и СОУ М.М.Брицо.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *