Фротирка

Меѓународен ден на крпата

Денес е меѓународниот ден на крпата! Се прашувате како да го одбележите? НОСЕТЕ КРПА со себе! Каде? Насекаде 🤘🤘🤘 Овој ден се празнува за да се оддаде почит на Даглас Адамс, авторот на книгата „Авторстоперски водич низ галаксијата“. Пешкирот, според него, е најкорисното нешто што еден меѓуѕвезден автостопер може да го понесе со себе. Па затоа, секоја година на 25 Мај, неговите фанови празнуваат! 🎊🎉
Листа на сите земји со сите настани погледнете на интернационалната страна www.towelday.org каде што е и Македонија.

❗️Приклучете се и вие заедно со нас кон оваа глобална иницијатива и денес земете пешкир со себе! Внимавајте да не е излитен, а задолжително да биде чист. Направете фотографија 📷 или видео 🎥 во текот на денот и објавете ја за да ги поддржите илјадниците луѓе низ светот кои го прославуваат денешниот ден – а доколку вашата крпа е од #frotirka – не заборавајте да не означите! Бидете сигурни дека ќе ве наградиме 🎁
За сите кои ќе се прашуваат зошто носите пешкир – одвојте минута-две за да им објасните, па грабнете по една фротирка, направете слика и очекувајте награда 🙃
#frotirka #hitchhickersguidetothegalaxy #happyday #internationaltowelday

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *