Фротирка

Фротизирај се за плажа

Фротизирај се за, на, пред и после плажа

Лето е и сите наши мисли се вперени кон „разладување“ од горештините. Размислувате ли да се одморите на плажа? Во текот на подготовките обично сме еуфорични и внимателни – да не заборавиме да понесеме се што ни е потребно.

Пешкирот е основен атрибут без кој не се може на плажа. Време е да се одвикнете од обичните, еднобојни пешкири бидејќи летово владее нов тренд кој ќе ви го збогати уживањето.

Оваа година купете си нова крпа со интересни шари, изработена од висококвалитетен, памучен материјал. Сега веројатно ве мачи помислата што честопати боите на текстилните производи го губат својот сјај при одржувањето? Со Фротирка нема причина за грижи, ваше е само да уживате во одморот, а нашата гаранција за квалитет ќе ви овозможи долго, долго да уживате во своите крпи за плажа, како да се штотуку купени.

Ви препорачуваме да ја усогласите формата и бојата на костимот за капење со вашиот нов пешкир. Сепак, не заборавајте дека перфектен костим за капење е оној кој најдобро Ви прилега и не Ве тера постојано да мислите на него, додека уживате на плажа. Не заборавајте да проверите дали Ви е удобен додека лежите, се движите или играте на плажа.

Освен костимот за капење, важен е и шеширот за плажа. Освен што ќе бидете тренди, тој е корисен и доколку е усогласен со пешкирот ќе изгледате неверојатно.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *