Фротирка

КУД „Гоце Делчев“ од Делчево одлично се претставија на “ТУФАГ”

Ни претставува огромна чест и задоволство кога придонесуваме за промоција на наши млади таленти, и воедно, во промоција и зачувување на културните вредности на нашава земја.
Овој пат, членовите на Културно-уметничкото друштво „Гоце Делчев“ од Делчево одлично се претставија на Интернационалниот Фестивал за Фолклорни танци “ТУФАГ” и Меѓународниот натпревар во фолклорни танци ,,Златен каранфил”(Internationl Folk Dance Festival „TUFAG“ and – Golden Carnation and Folk Dance Competition) кој од 01. до 07. јули се одржа во Јалова, Турција.
На фестивалот учествуваа фолклорни друштва од 17 земји меѓу кои од Мексико, Русија – Осетија, Кипар, Македонија, Грузија, Црна Гора, БиХ, Србија, Кореа, Бугарија, Турција, Грција и други.
Од КУД„Гоце Делчев“ за реализацијата на ова гостување упатуваат голема благодарност до: Општина Делчево, Фротирка Делчево, Министерство за култура, Агенција за промоција на туризмот и други.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *