Кога станува збор за крпа за плажа, секој има различни приоритети: на некои им е важно да не зафаќаат простор при завиткување, да впиваат добро – по можност без траги на песок, за трети пак, пред сè битна им е големината. Без разлика за какво патување и да се спремате, барем еден од нашите модели секако ќе се вклопи во вашите очекувања и желби!
Ако сте тип на човек кој сака да поминува бескрајни часови на плажа, знаете колку е важно да изберете добар пешкир за плажа. Во изборот, секако, ние сме тука да ви помогнеме!
Campary, популарна и hotel-friendly крпа за капење, инспирирана од бранови од 70-тите во светли бои на линеарни бранови. Дизајнирана со користење на смели, заситени, халуцинантни бои за да ја активираат перцепцијата. Прекрасен дезен, со димензии 80х180 и дебелина 420 g/m2. Мека, впивлива, без рок на трање!
Ништо не ги надминува боите на летото кога станува збор за топлина и удобност. Со овој дезен на крпа, може да ја доловите и да ја носите таа “cozy” сензација во летните денови. Одликувајќи се со прекрасна мешавина од летните софистицирани нијанси, веднаш ќе ве натера да помислите на звуците на брановите во море, уживање покрај плажа и пиење на вашиот омилен коктел или омилено кафе.
Креативен, уметнички дизајн, кој доаѓа во прекрасни разновидни бои. Хоризонтални линии во ладни тонови на кралско сино, аква, жолта и темно лила. Лесна, брзо се суши, неверојатно мека, одличен избор за патување и кампување.
Прекрасна идеја за подарок. Измамете насмевка на вашето лице или пак на вашите најблиски со овој шармантен пешкир за плажа. Креирајте позитивни вибрации, секогаш кога ќе го поставите пешкирот на плажа или штом се завиете со него. Достапен е во две бои, розе и сина боја.
Add comment