Фротирка

Што НЕ ТРЕБА да чувате во бањата?

Според направени истражувања, секој од нас, секој ден поминува барем половина час во бања, каде што имаме различни продукти од типот на козметика, шминка, бањарки, пешкири, накит, лекови, четки за заби (без кутија) и многу други предмети кои со години ги чуваме во неа. Поради влагата, која се задржува на нив и топлината која се шири во бањата, го скратува нивниот животен век. Влагата може да го уништи составот на многу производи, од мувлата да добијат непријатна миризба или бактериите од водата во тоалетната школка да се распрскаат низ предмети на кои не сакате да има остатоци од школката… Доколку веќе инсистирате дел од нив да се најдат таму, погрижете се барем да бидат добро складирани во плакар, во спротивно, еве за кои работи бањата не е добро место за чување:

1. Пешкири

Изненадувачки за многу луѓе, бидејќи кој не сака да има подготвена крпа веднаш после туширање? Сепак, бањите се влажни места кои се почва за бактерии, а крпите се особено подложни на габи. Ако сепак одлучите да го чувате вашиот пешкир во бања, треба да се погрижите да биде правилно закачен и да биде употребен што е можно побрзо.

2. Бањарки

Иако звучи нелогично, бањарката сепак не треба да се чува во бањата. Исто како и во случајот со крпите, бактериите и габите лесно може да се вгнездат во ткаенината на бањарката. Покрај тоа, влажноста во просторијата може да предизвика кај бањарката и мирис на мувла.

3. Креми за лице

Доколку не се цврсто затворени, влагата може да го поттикне растот на бактериите во нив. Секогаш кога ќе се истуширате со топла вода, пареата влијае на нивниот состав. Идеално би било кремата за лице и другите типови на козметика да се чуват во фиока или на полица, надвор од бањата, а по можност во фрижидер, особено во летниот период.

4. Накит

Некои луѓе имаат навика да чуваат обетки во бањата, бидејќи таму има огледало. За жал водата му влијае и на накитот, особено на среброто, кое е многу чувствително на влага.

5. Парфеми и шминки

Ненадејните промени во температурата влијаат на молекулите во парфемот, што може да доведе до тоа истиот да почне да мириса кисело. Шминките исто така не треба да се чуваат во бањата. Слично како и кај парфемите и на нив им влијае промената на температурата и влагата во воздухот, што може да придонесе до побрзо распаѓање и уништување на структурата, а генерално и поради бактериите кои лесно може да се налепат на четките за шминкање, а потоа да завршат на вашето лице.

6. Телефон

Пеењето под туш е забавно, но нека биде соло изведба, без придружба на телефонот, бидејќи влагата е многу штетна за сите електронски уреди кои не се водоотпорни.

7. Лекови

Шкафот во бањата не е место за лекови. Лековите и витамините треба да бидат на собна температура од 20 до 25 степени. Ако ги чувате во бања каде е многу влажно и топло, многу е можно нивниот ефект да се намали или да се расипат уште пред датумот на истекување.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *