Фротирка

Струмица Опен Фест и Фротирка со поинаква приказна

Фротирка и Струмица Опен Фест – поинаква приказна

Деветтото издание на Струмица ОПЕН фестивал започна на 9 август и беше во знакот на поддршката на македонската култура и младите таленти. Фротирка е секогаш тука за најмладите, а нашите производи совршено се вклопија во фестивалскиот амбиент во градскиот парк во Струмица.

Манифестацијата е успешен обид да се прекине долгата тишина на културата и уметноста предизвикана од светската пандемија. Сите настани се одржаа на ограничен простор со почитување на здравствените протоколи, а публиката ги следеше седејќи на трева на меките и удобни фротири. Публиката уживаше во бесплатни аеробик тренинзи, рекреативни велосипедски и пешачки тури, поезија, афоризми, филмски проекции за деца и возрасни и музички концерти на домашни артисти.

Дваесетдневната фестивалска програма заврши на 3 септември.

Фротирка ја поддржа програмата на културно-уметничката манифестација со кружните Jolly пешкири во различни бои. Најмалите посетители ги делеа постелките со своите другарчиња, братчиња и сестри и уживаа во активностите. Одличното време во градскиот парк во Струмица, веселите лица на публиката и добрата програма создадоа вистинска поинаква приказна.

Производите беа со специјален вез Фротирка и СОФ во знак на долгогодишното пријателство и соработка со најголемата манифестација од ваков тип во Југоисточна Македонија.

Повеќе детали и спецификација за производот Jolly може да погледнете на следниот линк: https://frotirka.mk/product/jolly/

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *