Какви мисли ви буди есента? Во Фротирка есента ни е најинспиративен период: сувите лисја кои започнуваат да се ронат од дрвјата, есенските плодови и удобните шалчиња се неисцрпен извор на инспирација. Oттука, комплетната идеја за последниот, октомвриски флаер на Фротирка и боите и дезените на производите кои ги вклучивме во него ги отсликуваат сите убавини на есента :). Симболиката на есенските бои има длабоко влијание врз целосниот октомвриски концепт.
Така, листовите во дизајнот на ALEGRA не потсетуваат дека, како што одамна рекол Хераклит: „Единствена константа е промената“. Како што листот расте, се развива и паѓа, за напролет пак да никне нов и уште поубав, така и нашите дезени еволуираат, моделите се менуваат, технологијата се развива, се со цел во секоја следна сезона вие да добиете подобри и посовршени крајни производи.
Шаренилото на KLARA ни покажува дека во секоја ситуација може да се извлече нешто убаво: непостојаноста на есента ни овозможува сè повеќе да го цениме секој момент во сегашноста – пред да помине засекогаш.
Синилото на LEONA ја претставува мистеријата на секој нов ден во една маглива есен. Свежиот воздух и листовите кои паѓаат ги персонифицираат мистичните особини на една златникава, портокалово-кафенкаста есен, додека монохроматската златна ЕСА нуди утеха дури и за оние на кои есента им буди меланхолија – жолтата боја неизбежно потсеќа на сонце, на топлина, на долгите летни денови кои сега сè повеќе се скратуваат…
Земјените тонови на Zig-Zag пак се еден вид припрема за зимата која следи: потсеќа на слоеви, на удобна облека, на пријатни доцна-есенски приквечерини до распламтен оган… Со што ја асоцирате вие октомвриската понуда од Фротирка? Се надеваме дека успеавме за момент да ве внесеме во симболиката која во себе ја носи секој наш производ, секој дезен, секоја наша боја и форма. Не заборавајте да кликнете на www.frotirka.com и да изберете совршен производ за убава есен. <3
Add comment