Ова неделно попладне, ја заокружуваме оваа наша Алпска авантура со третиот дел од трилогијата.
Продолжувајќи кон масивот Валесански Алпи (Monte Rosa), кој е втор по големина масив на Алпскиот венец после Монт Блан, од излетиничкото место Стафал (1830 м.н.в.), македонската експедиција го започнива своето искачување до највисокиот врв од оваа експедиција. Продолжувајќи кон Пунта Индрен (3260 н.м.в.), експедицијата стасува до Кабана или планинарски дом Гњивети на 3611 м.н.в. каде екипажот преноќува и ги прави финалните подготовки за искачувањето на Зумштајн. Наредниот ден експедицијата продолжува по самиот глечер кој што се протега по границата помеѓу Италија и Швајцарија се до крајната точка и без поголеми потешкотии го освојува Зумштајн Шпице, 4563 м.н.в.
Експедицијата „Трилогија Алпи“ ја заокружуваме како успешна, учесниците движејќи се по најразлични терени и услови, камењари, железни патеки, снежни површини, глечери и ледници, без сериозни проблеми и потешкотии успешно ја комплетираат оваа прекрасна Алпска авантура, а нам ни претставува посебна чест и задоволство што сме дел од еден ваков огромен подвиг и што барем делумно помогнавме во неговата реализација. Му честитаме на нашиот пријател Љупчо Чучуковски за остварениот подвиг и му благодариме што низ целото патување се сеќаваше на нас! Mу посакуваме уште многу успешни искачувања во иднина!
#Frotirka #SekogasPrvi #SekadeZaedno
Add comment