Предизвик е да ги слушнеме потребите на клиентите и да одговориме на нив. Но, желбите на нашите потрошувачи се она што Фротирка ја движи напред, па воопшто не е тешко да предвидиме што е она што вас ќе ве направи среќни. Искористете го ова пролетно освежување со најдобрите зделки!
Во текот на последните 2-3 месеци неколкупати побаравте сетови на пешкири со промотивни цени, за пролетно да го освежите својот плакар. Затоа, мајскиот флаер комплетно го дизајниравме со сетови на крпи и пешкири во различни големини, бои и дезени. А сите ги поврзува едно нешто – намалената цена и беспрекорниот квалитет!
За да го комплетираме вашето Фротирка-доживување додадовме и фротирски прекривки во најубави, силни бои, во единечна и дупла големина, но и Пикник прекривка која вашите излети ќе ги претвори во незаборавно искуство. Експериментираме со дизајни, бои и димензии, но квалитетот на фротирот кој го нуди Фротирка, дублираното предиво кое е двојно поквалитетно од обичното и долгогодишното искуство во изработка на крпи, пешкири, бањарки и фротирски прекривки се незаменливи.
Погледнете го најновиот флаер и не испуштајте ги зделките кои се во понуда – пролетта секогаш е возбудлива благодарение на Фротирка. Нарачајте од најголемата онлајн продавница за фротирни производи. Фротирка – Вашето пролетно освежување.
Add comment