Време е да размислуваме за пролетно освежување, зарем не? Дали сте размислувале која ќе биде новата боја на прекривка во вашиот дом? Белите нијанси на прекривки веќе долго време се стандардни бои за прекривки. Зошто е тоа така? Светлите нијанси корелираат со подобар сон и даваат чувство на удобност и чистота. Неутралните нијанси се исто така одличен избор. Сепак, изборот на боја за вашата постелнина зависи од многу фактори, а пред сè од вашиот личен вкус. Боите имаат моќ и истите ни помагаат подорбо да заспиеме и да се чувствуваме удобно во просторијата. Доколку сакате да ви помогнеме како полесно да изберете боја на прекривка следете ги нашите четири предлози:
Сина Astera прекривка
Бојата на морето и небото, сината предизвикува чувство на смиреност и спокојство. Од светло сина до темно сина, сината боја е позната по тоа што го зголемува квалитетот и времетраењето на спиењето.
Жолта Leona прекривка
Жолтата боја е погодна за добар сон. Светли, примарни или неонски жолти тонови може да го нарушат спиењето, но понежната жолта боја делува смирувачка.
Зелена Porto постелнина
Зелената боја е многу корисна за да се постигне добар сон, од истата причина како и сината. Посебно смирувачки се маслинесто зелени нијанси, бидејќи често се наоѓаат во природата. Боите на природата честопати се подобри за добар одмор.
Крем Simon постелнина
Крем боја и сличните бели, бисерни нијанси се многу смирувачки и обезбедуваат беспрекорно чист и остар изглед на секоја соба. Вашата нова прекривка која не е чисто бела може да биде вашиот клуч за мирен сон.
Целата понуда на прекривки можете да ја погледнете на нашата онлајн продавница. Дупли или единечни, светли или темни, со дезени или во риги, голем избор за сечиј вкус! Доколку сè уште се прашувате како полесно да изберете боја на прекривка пишете ни на нашите социјални мрежи – фејсбук или инстаграм.
Add comment